Саутемптон го најде лекот за Евертон

Саутемптон е првиот тим што сезонава го зема скалпот на Евертон откако „светците“ благодарение на одличниот прво полувреме го совладаа лидерот на премиерлигашката табела со 2-0. По ремито на градското дерби против Ливерпул, избраниците на Карло Анчелоти денеска не беа на посакуваното ниво, а мечот го одбележа уште еден брутален старт на фудбалер на Евертон, Лукас Дињ, кој беше исклучен во второто полувреме.

Мечот беше решен уште во првите триесетина минути, најпрвин Ворд Прауз биеше прецизно за почетно водство на Саутемптон, а на 2-0 зголеми Ча Адамс. „Светците“ постигнаа и трет погодок во првото полувреме, со силниот удар од работ на шеснаесетникот на Армстронг, но тој гол беше поништен поради офсајд.

Се вчитува...