Саутемптон ја доби трката по Лемина

Јувентус успешно продаде уште еден фудбалер на чии услуги Масимилијано Алегри не сметаше сериозно, па така Марио Лемина својата кариера ќе ја продолжи во Премиер-лигата. Саутемптон ќе биде новиот клуб на францускиот играч за врска, откако „светците“ победија во трката со Стоук и во следните 24 часа ќе го комплетираат трансферот на Лемина.

Двата тима во последните неколку дена водеа интензивни преговори со Јувентус, за на крајот Саутемптон да понуди 16 милиони фунти при потписот на договорот, плус четири милиони преку неколку клаузули, понуда што Стоук не ја израмни.

За очекување е Јувентус до крајот на преодниот рок да доведе најмалку уште еден нов играч за врска, а приоритет на тренерот Масимилијано Алегри е Андре Гомеш од Барселона.

Се вчитува...