Саутгејт бара промена на правилата пред ЕП 2024

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, се приклучи на групата тренери кои ја критикуваа УЕФА за неподготвеноста на европската фудбалска управа да го промени правилото за бројот на играчи на претстојното Европско првенство.

Се повеќе селектори изразуваат мислење дека има огромен товар на играчите, резултат на големиот број повреди во текот на сезоната, па сметаат дека е потребно проширување на ростерот на тимот. Веќе неколку тренери се заложија за тезата дека УЕФА треба да го зголеми составот на тимот од 23 играчи на 26, за да има поголем мир во тимот, при евентуални повреди.

„Имавме уште еден состанок со УЕФА, на кој се зборуваше од страна на некои тренери за можно зголемување на бројот на играчи. Мораме да ги носиме најдобрите одлуки со она што го имаме, а некои од нив ќе се базираат на медицината. Успеавме да ја направиме вистинската работа на претходните турнири, успеавме да им дадеме поголема минутажа на повеќе играчи, но со 23 играчи дефинитивно е потешко“, изјави Саутгејт.

Само во изминатата недела Саутгејт беше принуден да ги ослободи Хари Кејн и Букаjo Сака пред почетокот на двата пријателски натпревари, додека Хари Мегваер, Џон Стоунс, Кајл Вокер и Сем Џонстон беа повредени за време на натпреварите.

Се вчитува...