Саутгејт добива награда – нов договор до 2022 година

Многу сомнежи се појавија по одлуката на ФА да го именува Герет Саутгејт за селектор по заминувањето на Сем Алардајс. Сепак, од денешна перспектива тоа беше извонреден потег, поранешниот репрезентативец создаде моќен колектив и сигурно е меѓу најзаслужните што Англија стигна до полуфиналето од СП, прв ваков мундијалски пласман по пауза од 28 години.

А челниците на англискиот фудбал ќе знаат и како да го наградат Саутгејт за одличата работа, потпишувајќи нов четиригодишен договор под подобри финансиски услови. Првичните разговори се веќе водени и договорено е се да биде финиширано по завршувањето на СП, но и самиот Саутгејт изразил желба да остане, одбивајќи притоа неколку клупски понуди како јасен доказ дека планира да се посвети максимално на селекторската кариера.

Планот на Англичаните е тој не само да остане до ЕВРО 2020, туку да го води „гордиот албион“ на мундијалот во Катар во 2022 година.

Се вчитува...