Саутгејт и неговите „лавови“ прават нова историја за англискиот фудбал

Герет Саутгејт ја имаше поддршката на англиската јавност уште кога го поведе исклучително младиот англиски фудбалски состав на Светското првенство во Русија. Сега кога „трите лава“ се полуфиналисти, Саутгејт го има статусот на национален херој. Неговата улога во успехот на англиската репрезентација е повеќе од очигледен, а е и многу високо ценета, не само од фудбалската туку и од целокупната јавност во државата. Нацијата е сплотена во големата надеж, конечно, националниот фудбалски тим, да има вистински успех. Вечерва во Москва, Англичаните ќе бијат битка за влез во финалето на Мундијалот.

„Ние сме еден од најмладите состави на Светското првенсвто, тимот со најмалку искуство и екипата за која никој не очекуваше да направи резултат. Но, подобрувањето во играта и гладот за успех се се поочигледни од натпревар во натпревар. Задоволен сум од интелегенцијата и стилот на фудбал кој го прикажуваме. Успеавме да победуваме дури и во натпревари кога примавме голови во последна минута, во средби кога ние постигнуваме голови во финишот, минувавме дури и по изведувањето пенали“– вели во пресрет на полуфиналето, Саутгејт.

Англија со многу позвучни имања во репрезентацијата имаше далеку послаби резултати. Екипата што ја состави и што ја поведе во Русија, Саутгејт е практично дебитантска на мундијалите.  И не само што немаат искуство на големите фудбалски настани, дел од клучните фудбалери на гордиот Албион имаат многу малку настапи за репрезентацијата, некои двоцифрена бројка достигнуваат сега на Мундијалот.

Веќе испишавме неколку моменти за историјата. Ја забележавме највисоката победа на светските првенства. Минавме во нокаут фаза по пауза од 10 години. Првпат минавме на пенали на светските првенства. Продолжуваме да уриваме бариери во ова патување кое е големо уживање за нас“ – гордо најавува Саутгејт.

Англиската репрезентација е во обид да дојде во финалната пресметка и да има шанса да се бори за вториот успех на светските првенства. Единсвениот мундијалски успех за Англичаните е од далечната 1966 година.

 

Се вчитува...