Саутгејт избра: Англија без Рашфорд, Хендерсон, Санчо на ЕП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт го објави поширокиот список од 33 играчи кои ќе настапат на Европското првенство 2024 година кое летово ќе се игра во Германија.

„Гордиот албион“ ќе го предводи Хари Кејн, а од ѕвездите место во составот ќе има и за: Фил Фоден, Букајо Сака, Џуд Белингем, Џек Грилиш… На списокот од 33 играчи немаше место за ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд иако во тимот се неговите соиграчи, Мегваер, Шо, Мејно… На списокот го нема и Џејдон Санчо, како и Џордан Хендерсон.

Се вчитува...