Тотенхем испрати официјална понуда до Манчестер Сити од околу 100 милиони евра за бразилскиот крилен напаѓач Савињо.
Сепак, од Манчестер Сити одбиваат да го одобрат трансферот додека не најдат замена.
Екстравагантниот 22-годишен бразилски репрезентативец е решен да се пресели во северен Лондон и го зголеми притисокот врз својот сегашен клуб. Савињо го пропушти тренингот во четврток, јасно ставајќи до знаење дека сака да го напушти „Етихад“ во потрага по повеќе време за игра.
Бразилецот верува дека Тотенхем би бил идеално место за да го продолжи својот развој под водство на Роберто Де Зерби.
Де Зерби веќе предводеше голема реконструкција на тимот за време на која беа потрошени повеќе од 269 милиони евра, но верува дека работата не е завршена и дека му требаат дополнителни засилувања во нападот.
Личните услови меѓу Тотенхем и претставниците на Савињо се во најголем дел договорени, па сега сè зависи од одлуката на Манчестер Сити.
Во меѓувреме, Сити се обидува да го потпише Енцо Фернандес од Челси. Тој веќе испрати понуда, но таа не ги исполнува барањата на лондонскиот клуб, кој го проценува Аргентинецот на околу 140 милиони евра.
Тотенхем разгледува и други опции, вклучувајќи го и Коди Гакпо од Ливерпул, кој може да игра на крило и како напаѓач.
Клубот од северниот Лондон сака да го заврши поголемиот дел од работата пред натпреварот од Премиерлигата против Брентфорд на 22 август.
Со понуда од речиси 100 милиони евра на маса и потребата на Сити да обезбеди дополнителни пари за сопствени засилувања, трансферот на Савињо се чини дека е поблиску до завршување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
