Саво Милошевиќ: Си одам и никогаш веќе нема да работам во Србија

Саво Милошевиќ од денеска и официјално не е тренер на Партизан, поднесувајќи си оставка од функцијата по разочарувачкиот пораз од Војводина. Тој неуспех го одбележа и голем инцидент во кој Милошевиќ со шише го гаѓаше судијата, со што младиот стратег си остави дамка врз кариерата.

„Не ја донесов одлуката за заминување во афект, ова не е капка што ја прелива чашата, туку проблем што трае. Си дозволив сам на себе да го направам она што го направив во Нови Сад, што е многу грдо. Тренер, педагог, никако не смее да си дозволи такво нешто, уште повеќе тренер на Партизан. Ова мачење трае и е многу тешко за сите. Што да им кажам на момците кога ќе влезам во соблекувалната и ќе ги погледнам во очи. Сам на себе знам што да си кажам: Оди си одовде и никогаш веќе немој да работиш во Србија“, истакна Милошевиќ.

На местото на Милошевиќ на чело на Партизан застанува Александар Станојевиќ, кој ќе има тешка задача да ја надополни негативата од шест бода зад во трката со Црвена Звезда.

Се вчитува...