Се брои победата, но мора да се научи и лекцијата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Аеродром остана неосвоен и во третиот домашен натпревар на МЗТ Скопје во АБА2 лигата, но Ѓорѓи Кочов и неговите избраници се соочија со реалноста – дека без максимален ангажман во текот на сите 40 минути не може да се добие дуел во овој ранг на натпреварување.

Факт е, МЗТ поседува квалитет за да се бори за врвот на АБА2, но покрај тоа мора да се покаже и карактер, нешто што вечерва изостануваше во поголем дел од натпреварот. За среќа, се одговори на предизвикот кога беше најважно, во последните две минути од регуларниот дел и во продолжението, за да не се дозволи влез во „црна серија“ по несреќниот пораз во Словенија.

Сезоната е долга, па важно е да се добиваат и овие натпревари во кои не се игра најдобро. Се додека се учат лекциите и се отстрануваат грешките, да не се повторат во иднина.

Се вчитува...