Се јави докторот на Надал: Тоа што го направи Рафа е рамно на чудо

Рафаел Надал стигна до 22. гранд-слем титула и 14. на неговиот омилен турнир Ролан Гарос и со тоа им побегна на две титули на најголемите ривали Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер во битката за најдобар на сите времиња.

И покрај големите проблеми кои ги имаше со стапалото тој успеа да триумфира на терените во Париз. Околу целата ситуација се јави и докторот на шпанскиот тенисер, Анхел Луис Которо кој говореше за проблемите со кои се соочувал популарниот Рафа.

„Тоа што го направи Надал во Париз е чудо. Не само што му отрпна ногата, тој го прифати предизвикот и така играше во тие услови. Само Рафа може да го направи тоа“, изјави Которо.

Се вчитува...