Се јави и Нејмар: Тешко е сега да се најде сила пак да се игра фудбал

Нејмар беше критикуван по елиминацијата на Бразил на овој мундијал, а асот на ПСЖ вечерва се јави и со свое видување за неисполнетиот сон, со „кариоките“ да стигне до светската титула.

„Можам да кажам дека ова ми е најтажен момент во кариерата. Боли толку многу бидејќи знаевме дека можеме понатаму, можеме да испишеме историја… Тешко е сега да се најде сила пак да се игра фудбал, но сигурен сум дека Бог ќе ми даде сила да се соочам со се што ќе се најде пред мене“ – порача Нејмар преку својот профил на Инстаграм.

Бразил е најтрофејна репрезентација на светските шампионати, но „кариоките“ последен пат се искачиле на врвот во 2002 година.

Се вчитува...