Се јави Зверев: Имам лоши вести…

Александар Зверев го очекува повеќемесечна пауза од тениските терени по тешката повреда што ја заработи во вториот сет од вчерашното полуфинале на Ролан Гарос против Рафаел Надал. Германскиот тенисер во агонија плачеше по падот на теренот, веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен, што беше потврдено и со денешните детални прегледи.

Информацијата на своите фанови им ја потврди и самиот Зверев, со порака преку профилите на социјалните мрежи.

„Здраво луѓе, сега се враќам дома. По првите прегледи, се чини дека имам скинато неколку латерални лигаменти во десното стопало. В понеделник ќе има нови прегледи во Германија, по што ќе се утврди најдобриот начин за рехабилитација“, порача Зверев.

Точната пауза не се наведува, но се шпекулира дека Зверев ќе отсуствува најмалку три месеци од терените, а успех за него ќе биде доколку до крајот на годината успее да се врати во топ-форма.

Се вчитува...