„Се надевам дека Митровиќ ќе добие повеќе од десет меча казна“

Првиот човек на судиската организација во Англија, Пол Филд се надева дека играчот на Фулам, Александар Митровиќ, ќе биде ригорозно казнет за неговото агресивно однесување на натпреварот со Манчестер Јунајтед.

Митровиќ беше исклучен на натпреварот од ФА Купот на „Олд трафорд“ во неделата бидејќи буквално го нападна судијата. Неговиот Фулам на крајот беше поразен со 3-1 откако Митровиќ им донесе водство на гостите од Лондон со својот прв гол во ФА Купот.

„Се надевам дека ќе биде суспендиран на повеќе од десет натпревари. На аматерски план играчот е казнет една година, зошто да не биде така и на професионален план? Сетете се што направи Кантона пред речиси 30 години, а за тоа доби девет месеци. Мислам дека и тука треба да има некоја солидна казна“, изјави Филд за Би-Би-Си.

ФА веќе објави дека српскиот напаѓач ќе биде казнет поради испадот на споменатиот натпревар.

Се вчитува...