Се огласи и Чави: Дојде време, сакам да се вратам дома

Легендарниот Чави Ернандез изрази желба да се врати во Барселона и додаде дека сега се зависи од договорот на каталонскиот клуб со Ал Сад. Челниците на Барса отпатуваа во Катар за да разговараат со претставници на Ал Сад и да ја вратат својата легенда на „Ноу Камп“.

Иако првите реакции од Барса не ветуваа, „каталонците“ беа задоволни од тоа што имаше да го каже 41-годишниот стручњак.

„Разговарав со челниците на Барселона неколку дена, тоа е тоа. Сега се зависи од клубовите, треба да постигнат договор. Ќе видиме како се ќе заврши. Навистина сакам да се вратам дома. Се надевам дека тоа ќе се случи. Имам договор и клубовите почнаа преговори. Тие знаат што сакам“, заклучи Чави.

На клупата на Барселона моментално седи Серхио Бархуан, кој доби можност откако Роналд Куман доби отказ.

Се вчитува...