Се огласи и ФК Гостивар: Сите играчи играат со дозвола од ФФМ, нема никаква грешка

Се огласи и фудбалскиот клуб Гостивар во врска со спорниот настап на нивниот играч Гордијан Христовски кој играше на натпреварот против Пехчево во првото пролетно коло во второлигашката конкуренција.

Наводно Христовски немал право на настап поради тоа што веќе настапувал за два клуба во оваа сезона, и не е дозволено да игра за трет во една иста сезона.

Од Гостивар, пак, тврдат дека сите нивни играчи играат со дозвола од ФФМ, и дека не станува збор за никаква грешка, притоа објавувајќи фотографија дека играчот е потврден со право за настап.

„Сите наши играчи играат со лиценца и со дозвола од ФФМ. Нема никаква грешка“, стои во кусата објава на тимот на Гостивар.

Вардар е клубот кој прв поднесе жалба за настап на спорниот фудбалер, по што сега може да следува службени бодови за Пехчево, но и одземање на поени.

Се вчитува...