Се огласи Кутињо: Никогаш не сум покажал непрофесионализам

Бразилскиот фудбалер на Барселона, Филипе Кутињо ги демантираше обвинувањата дека одбил да влезе во игра од клупата за резерви за време на натпреварот меѓу Барселона и Селта. Во супер натпревар двата тима ги поделија бодовите (3-3), а откако судијата го означи крајот, одекна информацијата дека Кутињо одбил да влезе во игра.

Сепак, бразилскиот фудбалер денеска ги демантираше овие наводи, нагласувајќи дека никогаш во кариерата не бил непослушен и дека секогаш се однесувал професионално.

„Бев многу изненаден кога ја видов веста, бидејќи никогаш во кариерата не сум покажал непрофесионализам. Каде и да сум бил, секогаш сум се однесувал со голема почит кон сите. Новинарите секогаш веруваат во многу работи“, потенцираше Филипе.

Да потсетиме, оваа сезона 29-годишниот фудбалер одигра 11 натпревари за Барселона и постигна еден гол. Претходно беше објавено дека Барселона има намера да го продаде Кутињо во зимскиот преоден рок, а Њукасл наводно сака да го види во своите редови.

Се вчитува...