Се огласи Месут Озил: Лојалноста не е на цена, ќе се борам против неправдата (ФОТО)

Месут Озил го прекина молкот околу неговата ситуација во Арсенал. Откако неговото име не се појави во составот од 25 играчи пријавени за во Премиер-лигата, Германецот се огласи на социјалните мрежи  и во подолга објава кажа како се чувствува.

„Многу ми е тешко додека ја пишувам оваа порака за навивачите за кои играв во сите овие години. Многу сум разочаран од фактот што не бев пријавен за сезоната во Премиер-лигата. Откако потпишав нов договор во 2018 година потојано ја потврдувам мојата лојалност и посветеност кон клубот. Ме растажува дека на тоа не ми е возвратено. Сфаќам дека лојалноста не се цени овие денови. Секоја недела се трудев да останам позитивен во надеж дека ќе добијам место во составот. Затоа досега молчев. Без разлика на ова ќе направам се мојата осма сезона во Арсенал да не заврши вака. Ќе продолжам да тренирам и ќе го искористам мојот глас против нехуманоста и против неправдата“ – напиша меѓу другот Озил.

 

Се вчитува...