Се огласи Пике по повод новите правила на Чави

Од неодамна легендата на Барселона Чави е назначен за тренер на клубот, а веднаш по неговото доаѓање се појави информација дека новиот предводник вовел нови правила кои ќе мора секој фудбалер на „Каталонците“ да ги почитува.

Едно од тие правила наводно било забрана за Жерард Пике да има приватни патувања, односно повеќе време да минува во тренинг кампот, па дури и кога е на листата на повредени играчи.

Се огласи и самиот Пике околпу овие мерки и правила, кое наводно едното се однесувало директно на него.

„Луѓето прелесно веруваат во она што ќе го прочитаат или чујат во медиумите. Така доаѓа до заблуда. Правилата која Чави ги однесе се една од работите кои носат заблуда. Тоа се медиски измислици“, рече Пике.

Се вчитува...