Се омажи Серена Вилијамс, а свадбата со тематика „Убавицата и ѕверот“

Поранешната најдобра светска тенисерка, Американката Серена Вилијамс, два ипол месеци по породувањето, и официјално стана сопруга на Алексис Оханијан, еден од основачите на „Редит“. Свадбената церемонија се одржа во Њу Орлеанс, а покрај семејствата и роднините, присуствуваа и голем број ѕвезди од светот на спортот и шоубизнисот.

Венчавката беше тематска, во знакот на „Убавицата и ѕверот“, а покрај данската тенисерка Каролина Вознијацки, која пристигна со својот свршеник, НБА кошаркарот Дејвид Ли, на свеченоста се појавија и пејачките Бијонсе, Сијара и Кели Роуланд, актерките Ева Лонгорија и Меган Маркл, старлетата Ким Кардашијан и многу други познати личности.

Серена Вилијамс и Алексис Оханијан во септември станаа родители на Алексис Олимпија.

Се вчитува...