Здравствените проблеми на Јаник Синер очигледно се сериозни откако тенискиот ас беше принуден да откаже уште еден настап, овојпат на Мастерс-турнирот во Шангај.
Италијанецот е надвор од терените уште по победата на Вимблдон кон средината на јули, по откажувањето пред УС Опен беше најавено дека тој ќе се врати навреме за турнејата во Азија, но најпрвин се откажа од Пекинг, а сега и од Маетерсот во Шангај.
„За жал, иако се надевав нема да можам да играм на мастерс-турнирот во Шангај оваа година. Секогаш уживав играјќи на овој турнир, жалам што следната седмица нема да можам да го правам тоа. Благодарам на сите за поддршката“, напиша Синер на своите профили на социјалните мрежи.
Неофицијално, тој бил на консултации кај специјалист за колена во Лион кој своевремено го оперирал и Златан Ибрахимовиќ. Деталните прегледи дале загрижувачки резултати, по што се поголеми се сомнежите дали Синер ќе може воопшто да игра тенис пред крајот на оваа календарска година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
