Се подалеку од нов договор: Челниците на Јуве разочарани од Дибала

Според извештаите од Италија, Андреа Ањели и Џон Елкан се разочарани од однесувањето на Паоло Дибала, а во меѓувреме Интер подготвува понуда за да го ангажира Аргентинецот во своите редови.

Договорот на Дибала истекува на крајот од сезоната, а Јувентус не сака да му понуди 10 милиони евра плата плус бонуси колку што му понудија пред неколку недели, кога се чинеше дека двете страни ќе си подадат рака.

Ако не го продолжи договорот, тогаш на повидок е голем „шок“ за навивачите на Јуве, затоа што Интер подготвува понуда за Дибала со која ќе го намами Аргентинецот да дојде на „Џузепе Меаца“. Од друга страна заинтересирани страни се и Барселона и Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...