Се подготвува уште еден голем трансфер за Де Јонг

Френки Де Јонг е многу блиску да ги напушти редовите на Барселона уште оваа зима, и да се пресели повторно во голем клуб. Имено, Баерн Минхен пројави интерес за неговите услуги, а Холанѓанецот веќе добил повик од агентите кои му соопштиле дека гигантот од Германија има интерес за него.

Тој самиот изразил желба за реализација на трансферот, но треба прво да се праша и Барселона со кој холандскиот фудбалер има договор до 2024 година.

Де Јонг дојде во Барселона за 75 милиони евра. Се очекува Де Јонг да оди на позајмица во Баерн, со откупна клаузула од 75 милиони по завршувањето на сезоната.

Се вчитува...