Се повреди голманот на Кјелце, Ивиќ мора на операција

Хрватскиот репрезентативец на голот на Кјелце, Филип Ивиќ има повреда на менискусот на коленото и во наредните два месеци ќе биде надвор од теренот. На вчерашната прес-конференција, раководството на полскиот шампион ги новите засилувања меѓу кои и „капиталецот“ Андреас Волф кој доаѓа во Кјелце по истекот на договорот со Кил во 2019 година и продолжувањето на договорот со Талант Душебаев и со неколку играчи од актуелниот состав. Но, покрај добрите новости за иднината на клубот, беше сооптена и лошата вест за повредата на Ивиќ.

Хрватскиот голман се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Целје. По лекарските прегледи е утврдено дека се работи за повреда на менискусот на коленото која мора да биде санирана со операција. По натпреварот во Целје, Ивиќ се врату во Загреб каде ќе му биде извршена операцијата. Според информациите што ги објави Кјелце на официајлниот клупски сајт, хрватскиот голман ќе мора да паузира околу 6-7 недели.

Во отсуство на Ивиќ, на голот на Кјелце остануваат 39-годишниот Славомир Шмал и како негова замена, полскиот тинејџер Милош Валач (16).

Се вчитува...