Се разбуди нападот, одбраната се уште е проблем за Металург (Фотогалерија)

Металург претрпе уште еден пораз во Лигата на Европа откако вечерва во Скопје загуби од Чеховски Медведи со 32-37. За разлика од првиот меч во Русија овојпат „металурзите“ далеку подобро им се спротивставија на „мечките“, Тарабокија веднаш го крена нападот на едно повисоко ниво, но очигледен е проблемот со одбраната која повторно беше далеку од посакуваното издание.

Јасно е дека резултатот не е императив во оваа европска сезона на Металург, пивотот Митиќ покажа дека младите со секој следен натпревар добиваат и на искуство и на квалитет, а останува да се види какви ќе бидат изданијата на „металурзите“ во домашниот плејоф, каде примарна цел ќе биде обезбедување на излез во ракометна Европа.

Се вчитува...