Се сеќавате на голот на Лазаров во Ниш?! Германците секогаш имаат судиски ветар…

Изминаа точно шест години од денот кога Германија ни се извлече, и тоа со непризнатиот гол на Кире Лазаров. Во Ниш, последни десет секунди, Германија води со 24-23, а Лазаров упатува „бомба“ кон противничкиот гол. Топката од гредата се одби зад линијата, но судиите тоа не го забележаа.

„Мал подарок“ или вистинска одлука, никогаш нема да дознаеме. Но, јасно е дека Германците секогаш имаат судиски ветар во грбот. На тоа се жали и Словенија на ова Европско првенство.

Се вчитува...