Се слави во соблекувалната: Јовчев и Несторовски диригенти (видео)

Фантастична е атмосферата во македонскиот национален тим по вечерашниот триумф над Ерменија, со кој „црвено-жолтите“ направија уште еден значаен чекор напред кон првото место во групата.

Два гола за три бода – целта е остварена, па апсолутно заслужена е и радоста во нашиот табор, која од теренот се пренесе и во соблекувалната. А таму скандираа сите, по „нотите“ на диригентите Гого Јовчев и Илија Несторовски.

Само нека има причини за радост, резултатите од овие септемвриски средби дефинитивно се најава за фантастично деби во Лигата на Нации.

 

Се вчитува...