Се урна трибина со навивачи кои славеа гол (видео)

Голема трагедија беше избегната во самиот финиш од шпанскиот третолигашки дуел меѓу Замора и Депортиво Ла Коруња, откако се урна заштитната ограда под притисокот на навивачите кои го прославуваа водечкиот гол на гостинскиот тим.

Фановите на Ла Коруња еуфорично го прославуваа погодокот постигнат во 90. минута, кога оградата колабираше и дел од нив паднаа преку неа.

За среќа, инцидентот мина без жртви, а во болница завршија само пет навивачи, и тоа со полесни повреди…

Се вчитува...