Се врати по долгата допинг суспензија, а сега заминува во друг клуб

Михаило Мудрик се обидува да го врати фудбалскиот ритам по периодот кој целосно ја запре неговата кариера. Украинскиот репрезентативец пристигна во Челси како еден од најголемите таленти во Европа, но не успеа да ги исполни очекувањата на „Стемфорд Бриџ“.

Неговата ситуација дополнително се искомплицира откако беше позитивен на допинг тест, по што следуваше долг период надвор од фудбалските терени. Последниот официјален натпревар за Челси го одигра во ноември 2024 година.

Сепак, во последниот период Мудрик повторно добива можност да почувствува што значи да се биде на терен. Тој доби минути на пријателските натпревари на Челси, иако вкупно одигра само 16 минути.

Токму тие настапи му дадоа надеж дека може да започне ново поглавје во кариерата. Мудрик повторно се чувствувал како фудбалер, а неговата цел е постепено да ја врати физичката форма и да се избори за место во тимот.

Во меѓувреме, Челси наводно размислува за позајмица на украинскиот крилен напаѓач, со што би му овозможил да добие поголема минутажа и да ја продолжи кариерата надвор од Лондон.

Мудрик во Челси пристигна со огромни очекувања и важеше за еден од најперспективните играчи од Источна Европа. По повеќе од една и пол година без официјален настап, сега повторно се обидува да ја пронајде формата која го направи еден од најбараните млади фудбалери во Европа.

Се вчитува...