Се за „ферплеј“: Мбапе на позајмица во ПСЖ!

Веќе нема никакви дилеми, ПСЖ по Нејмар успешно комплетираше уште еден мегатрансфер, доведувајќи го во своите редови Килијан Мбапе. Интензивните преговори со Монако траеја десетина дена, а клучно беше да се постигне договор со „кнезовите“ за да не биде нарушен финансискиот ферплеј од страна на „светците“, нешто што беше тема на дебата уште при трансферот на Нејмар.

Токму затоа, на крајот беше најдено „соломонско решение“, Мбапе ќе пристигне во Париз на едногодишна позајмица, со тоа што ПСЖ следното лето ќе мора да го откупи неговиот договор за сума од вкупно 180 милиони евра (150 при потписот и триесет преку неколку клаузули).

Весникот „Л’Екип“ повикувајќи се на извори од двата клуба тврди дека трансферот е целосно договорен, а Мбапе утре ќе замине за Париз, каде ќе ги мине лекарските прегледи, по што ќе го стави својот потпис на договорот со „светците“.

Се вчитува...