Се заврши по експрес постапка: Голден стејт го одбрани НБА трофејот (ВИДЕО)

Како што тргна финалната серија од НБА плеј-офот така и заврши. Убедливо, без многу неизвесности, со доминација на Кевин Дурант и Стеф Кари, Голден стејт стигна до нова титула во НБА лигата откако во финалето со 4-0 во серијата го демолираше Кливленд.

Во четвртиот меч синоќа Голден стејт славеше на гостувањето кај Кливленд со 85-108 на тој начин одбранувајќи го насловот. Ништо тука не можеше ниту навидум семожниот Леброн Џејмс ниту во една од четирите финални средби. Па, Вориорс стигнаа до третата титула во последните четири години.

Главната улога синоќа ја имаше Стеф Кари со 37 поени, погодувајќи и седум тројки, а му помогна Дурант со „трипл-дабл“ од 20 поени, 12 скока и 10 асистенции.

На спротивната страна повторно најдобар беше Леброн Џејмс со 23 поени, осум асистенции и седум скока.

За Голден Стејт ова е вкупно шести трофеј во НБА лигата и деветти тим кој финалето го добива со беспрекорни 4-0.

Се вчитува...