Челниците на Премиер лигата и на уште три водечки европски фудбалски лиги, побараа реформи во Светската фудбалска федерација (ФИФА), зголемувајќи го притисокот врз претседателот, Џани Инфантино.
Во соопштението кое го потпишаа челниците на Премиер лигата, Ла Лига, Серија А и Бундеслигата, се наведува дека фудбалот со иницијативата на Инфантино да ги продаде ТВ правата за Светските првенства на приватни инвеститори, „доживеал една од најголемите злоупотреби на моќта во историјата на ФИФА“.
Иако лигите не отидоа толку далеку како УЕФА да го повикаат Инфантино да си поднесе оставка, тие во острото соопштение го осудија „зголемувањето на надлежности и влијание на ФИФА“.
„Темелите на кои фудбалот се заснова веќе неколку години се загрозени поради проблеми со начинот на управување. Проблемите на ФИФА со раководењето оди многу подалеку од улогата на еден поединец. Вистинското прашање е дали претседателот на ФИФА во исто време треба да има толку голема регулаторна, комерцијална и политичка моќ без притоа да има ефикасни механизми за контрола и рамнотежа“, стои меѓу другото во соопштението.
Инфантино се откажа од идејата да се формира компанија вредна 20 милијарда која би управувала со Светските првенства со помош на приватни инвеститори.
„Сега е момент да одлучиме не само кој ќе ја води ФИФА, туку и на каков начин треба да биде водена“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
