Македонија со пет дебитанти против БиХ и Турција: Јанкулов, Омерагиќ, Додев, Аломеровиќ и Анѓелески

Селекторот на македонската репрезентација Гоце Седлоски го соопшти списокот за престојните пријателски натпревари на Македонија против БиХ и Турција.

На списокот се пет дебитанти, вардаровите фудбалери Георги Јанкулов и Азар Омерагиќ фудбалерите на Силекс, Дарко Додев и Дарко Анѓелески, како и Дин Аломеровиќ од романска УТА. На списокот е и вардаровиот голман Давор Талески.

Повторно во репрезентацијата, во однос на претходните собири, се враќаат дефанзивците Стефан Деспотовски и Јован Манев, како и Агон Елези и Сефер Емини.

Поради повреда, селекторот Седлоски нема да смета на Љупче Дориев, Лука Станковски, Егзон Бејтулаи, Марио Илиевски и Димитар Митровски, а поради клупски обврски двата натпревари ќе ги пропуштат Тихомир Костадинов и Андреј Стојчевски.

Се вчитува...