Седлоски: Сега многумина се чудат како губиме во Гибралтар, а ремизираме на „Максимир“…, но затоа е убав фудбалот!

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски не го криеше задоволството од ремито (2-2) со Динамо Загреб во 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Чаирчани до ремито дојдоа со голот на Реналдо Цефас во 89. минута од средбата, но Седлоски нагласува дека не смее да се летне во облаци затоа што има уште 90 минути игра.

„За многумина е чудно како губиме во Гибралтар е остануваме непоразени на ‘Максими’. Но, затоа е убав фудбалот. Како и да е, сега фудбалерите не треба да летнат во облаци затоа што уште се е отворено, има уште 90 минути игра. Може да бидам задоволен како го одигравме првото полувреме, тоа беше тоа што го очекував и барав од играчите. Навистина ова е голем успех за нашиот клуб, голем резултат затоа што факт е дека ние првпат играме еден ваков меч, но фудбалерите одговорија навистина одлично. Сега имаме огромен мотив за реваншот, верувам со поддршка од полн стадион, но мора да останеме цврсто на земја и да не се залетуваме туку мудро да одиграме и на реваншот“ – истакна Седлоски по дуелот на „Максимир“.

Се вчитува...