Седлоски стартуваше на клупата на Широки брег (ФОТО)

Поранешниот стратег на Вардар, Гоце Седлоски го стартуваше својот нов тренерски предизвик на клупата на прволигашот од БиХ, Широки брег.

Седлоски се договори со босанскиот прволигаш за соработка во новата сезона во која ќе треба да креира стабилен состав, компетативен со најдобрите екипи од БиХ.

„Да бидам искрен не знам многу за фудбалот тука. Кога почнав пред две недели да преговарам со Широки Брег почнав и да го следам босанскиот фудбал. Ќе бида искрен – не знам многу фудбалери, па затоа и паузата поради репрезентативните настапи ќе биде добредојдена да се запознаеме меѓу себе и да создадеме клима за идна добра соработка“ – вели Седлоски за босанските медиуми по првиот тренинг со Широки брег кој го имаше синоќа во тренинг кампот „Муса-Карачиќ“.

Со Седлоски во стручниот штаб, како и во Вардар и во Рига, и сега ќе биде Александар Влахо. И двајцата ги очекува тешка задача за да го раздрмаат тимот на Широки кој има негативни резултати на стартот од сезоната.

„Знам дека екипата е во криза, но се надевам дека брзо ќе излеземе од неа“ – истакна Седлоски по првиот тренинг во својот нов тим.

Се вчитува...