Седлоски: Тешко се игра со играч помалку, на момците немам што да им замерам

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски после натпреварот со Балкани, ги искажа своите импресии од натпреварот, но и од настапот во Европа на екипата воопшто.

Според тренерот на првакот, неискуството си го сторило своето, а конкретно за вечерашниот меч во Приштина кажа дека е секогаш тешко да се игра со играч помалку на теренот.

„Честитки до Балкани за пласманот во групната фаза. Им посакувам многу успех во натпреварите кои следуваат. Со играч помалку беше тешко да се игра. На момците немам што да им замерам. Балкани ги казни нашите грешки и на првиот меч во Скопје, и тука во Приштина. Тие шанси кои ги имаа ги искористија и на првата средба, и тука. Имавме долг европски пат, имавме сериозни противници пред себе. Недостасуваше искуство во вакви мечеви, некои од играчите првпат играа вакви натпревари. Без разлика на резултатот, мораме да бидеме со кренати глави“, рече тренерот на Шкупи.

Се вчитува...