Седми Италијанец на клупата на Челси

Со оглед на сите околности може да се каже дека Челси имаше успешна сезона под водство на Маурисио Покетино завршувајќи на место кое води во европските натпреварувања следната сезона, но и покрај тоа аргентинскиот стартег е веќе поранешен на „Стемфорд Бриџ“, а судејќи по пишувањата на доброупатниот Фабрицио Романо неговото место ќе го наследи Енцо Мареска.

Италијанскиот стратег успеа да го врати Лестер во Премиерлигата, но нема да се задржи во редовите на „лисиците“ туку ќе седне на „жешкото столче“ на Челси.

Раководството на клубот и 44-годишниот стартег веќе имале позитивни преговори по што останува само да се утврди долготројноста на договорот, дали тоа ќе биде двогодишна соработка со можност за продолжување на дополнителна сезона или пак тригодишен договор, како и обесшетувањето до Лестер пред официјално да биде претставен како наследник на Покетино.

Мареска би требал да биде седми Италијанец на клупата на Челси по Џанлука Вијали, Клаудио Раниери, Карло Анчелоти, Роберто Ди Матео, Антонио Конте и Маурисио Сари.

Се вчитува...