Седум поени на Јакимовски во првиот пораз на Вашингтон

Вашингтон Стејт и Андреј Јакимовски по одличните „пет од пет“ на почетокот на сезоната го претрпеа и првиот пораз откако загубија на домашен терен од градскиот ривал Истерн Вашингтон со 71-76. Клучната предност гостите ја направија во првото полувреме кое го добија со 28-40.

Македонскиот интернационалец овој меч го започна од клупата, а го заврши со седум поени, три скока и три украдени топки.

Се вчитува...