Седум поени за Димитријевиќ во триумфот над Парма Перм

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ запиша седум поени во новата победа на Уникс Казан во ВТБ-лигата.

Низ уште еден одличен меч Уникс славеше со 93-74 против Парма Перм, за деветти триумф за нив во првенството.

Димитријевиќ на седумте поени, дополни со три скока и девет асистенции. Најефикасен во победата на Уникс Казан беше Георгиј Жбанов со 17 поени.

Во десет меча во ВТБ-лигата, Уникс Казан има и еден пораз од лидерот во првенството ЦСКА Москва.

Се вчитува...