Седум репрезентации веќе обезбедија 1/16-финале, шест се, пак, на пат за дома!

Завршен е вториот круг натпревари на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.

Па, веќе се познати седум репрезентации кои обезбедија пласман во елиминациската фаза од натпрварите, место во 1/16-финалето на шампионатот.

Тоа се двете селекции домаќини Мексико и САД, како и Франција, Норвешка, Аргентина и Колумбија.

Познати се веќе и шест селекции кои се елиминирани од првенството, а натпреварите од последното, трето, коло по групи за нив ќе биде само формалност. Тоа се селекциите на Хаити, Узбекистан, Тунис, Јордан, Панама и сосема изненадувачки Турција која е најголемото разочарување досега.

Се вчитува...