Сега „Ел Класико“ ќе биде уште ‘пожешко’: Адам Ханга потпишува за Реал Мадрид

Еден од најдобрите играчи на Барселона, Адам Ханга, од следната сезона ќе го носи дресот на најголемиот ривал Реал Мадрид.

Станува жешко на релација меѓу Мадрид и Барселона. Ваков случај имаше пред две години, кога Никола Миротиќ, како поранешна надеж на Реал, потпиша право од НБА за Барселона, и нема сомнеж дека овој трансфер, можеби не на тоа ниво, но сигурно ќе ги разбуди кошаркарските духови во Шпанија.

Ханга беше еден од најважните играчи во Барселона, особено во фазата на одбрана. Некогаш беше иџбран за дефанзивец на годината во Евролигата. Тој беше значаен фактор за освојување на домашната титула, прва по седум години и пласман во финалето на Евролигата прв по 11 години.

Адам имаше можност за потпис на договор со важност за оваа и следната година, но унгарскиот интернационалец не сакаше продолжување на соработката, па потпиша за Реал Мадрид.

Се вчитува...