Карлос Алкараз одигра напорен турнир во Торино, загуби во финалето од Јаник Синер, а веднаш тој пораз се пожали дека се соочува со проблем поради повреда на мускулот на ногата.
Оваа календарска година во светот на тенисот ќе заврши со турнирот од Дејвис-купот, на кој Алкараз сепак нема да му биде на располагање на селекторот Давид Ферер.
„Скршен сум што морам да објавам дека нема да можам да играм за Шпанија на Дејвис-куп турнирот во Болоња. Имам едем на задната ложа на десната нога и медицинската препорака ми е дека морам да мирувам. Секогаш сум велел дека играњето за Шпанија ми претставува најголема чест, се радував да помогнам во борбата на „Салатарата“, но морам разочаран да се вратам дома“, објави Алкараз.
Шпанците во четвртфиналето ги очекува дуел со Чешка, а доколку слават во овие пресметки во полуфиналето ќе играат со подобриот од дуелот Аргентина – Германија.
„Црвената фурија“ последен пат триумфираше во Дејвис-купот во 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

