Селекторот на Гибралтар го скрати списокот пред мечот со Македонија во Лигата на Нации

Селекторот на фудбалската репрезентација на Гибралтар, Хулио Рибас, го скрати списокот во пресрет на двата први натпревари од Лигата на Нации, против Македонија на 6.септември, и против Лихтенштајн, на 9.септември. Од неговиот првичен избор отпаднаа две имиња, Џејми Босио и Џон-Пол Дуарте. Сега на неговиот список има 21 фудбалер, со кои ќе располага за дуелот против нашиот национален тим.

Ако се погледне составот на Гибралтар, најголемиот дел од фудбалерите се аматери, а по четиригодишна пауза во селекцијата се враќа напаѓачот на англискиот тим Дарлингтон, Рис Стичи. Има и тројца дебитанти, голманите Мат Кафер и Дејл Колеинг, како и капитенот на тимот до 21 година, Грем Торилја, кој беше стрелец на историскиот гол против Македонија (У21) за триумф од 1-0.

Се вчитува...