Селекторот на Иран: Ако не сакате да играме на Мундијалот, само кажете!

На Иран му беше одземен важен гол и победа во Сиетл во пресметката со Египет, кој го водеше во елиминациската фаза на СП 2026.

Голот на Шоџа Калилзадех беше поништен поради офсајд, што предизвика остри реакции од селекторот на Иран, Амир Галеноеи, кој верува дека неговиот тим е оштетен со таа одлука, по интервенција на ВАР.

Иранската репрезентација се соочува со бројни проблеми за време на турнирот во САД, а сето ова доаѓа во време кога, поради сложената геополитичка ситуација, самиот настап на натпреварувањето беше доведен во прашање.

По пристигнувањето во САД, следеа нови тешкотии, кои на крајот ги чинеа подобар пласман во групата, па како третопласирана екипа со три бода и без пораз, ќе мора да го почекаат исходот од другите натпревари за да дознаат дали ќе продолжат понатаму.

Селекторот Галеноеи верува дека неговиот тим е оштетен и не го крие своето разочарување од одлуките на судијата.

„Ако не сакате да учествуваме на Светското првенство, само кажете го тоа. Поништувањето на тој гол беше целосно неоправдано – беше чист гол, не беше офсајд. Имам чувство дека целиот фудбалски свет е против нас. Иран се бореше со сè што имаше, а светот го виде тоа. Се бориме со бројни неправди откако сме на Мундијалот, но издржавме се…, спортската неправда и тоа како боли“, рече иранскиот селектор.

Доколку резултатите вечерва од престанатит три групи не се совпаднат, Иран ќе биде елиминиран во групната фаза од натпреварувањето.

Се вчитува...