Селекторот на Норвешка, Стал Солбакен објасни дека одлуката да се игра со речиси целосно изменет тим против Франција на Светското првенство е донесена единствено поради претстојната нокаут фаза.
На прес-конференцијата по натпреварот, тој истакна дека целта е да се одржи свежината на тимот за дуелот со Брегот на Слоновата Коска.
Во последното коло од групната фаза, Норвешка загуби од Франција со 4-1, а Солбакен одмори дури десет стандардни играчи од првиот тим, меѓу кои Ерлинг Халанд и капитенот Мартин Едегор.
Солбакен нагласи дека одморот за носителите на играта бил планиран потег поради згуснатиот распоред.
„Најважно е да ги наполниме батериите. Имавме најкратка пауза меѓу два натпревари на турнирот, а новиот натпревар нè чека за четири дена. Единствениот аргумент против оваа одлука е што навивачите не можеа да ги видат Ерлинг Халанд и Мартин Едегор, но ако само размислувавме за тоа, нашето патување на Светското првенство нема да трае долго. Тука сме за да одиме што е можно подалеку“, рече норвешкиот тренер.
По натпреварот, норвешкиот тренер истакна дека неговиот резервен тим, и покрај убедливиот пораз, покажа карактер и создаде доволно можности за да постигне резултат многу поповолен.
Норвешка ја заврши групната фаза на второто место со шест бода, три помалку од Франција, а ќе игра против Брегот на Слоновата Коска во осминафиналето на 30 јуни во Далас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
