Селекторот на Португалија ги пофали судиите и ги „разбесне“ Хрватите

Португалците во драматичен и до крај неизвесен натпревар обезбедија пласман во 1/8 финалето на Светското првенство. Натпреварот ќе остане запаметен по „драмата над драмите“ во последните мигови, откако на Хрватска им беше поништен гол за 2-2, а претходно им беа поништени уште два.

Вкупно на овој меч беа поништени четири гола, и со тоа влезе во аналите на Мундијалите со меч со најмногу поништени голови.

Кулманација на разочарувањето на Хрватите беше моментот во 13-тата минута од судиското надополнување кога Гвардиол постигна гол, кој беше поништен поради тоа што наводно Матановиќ играл со топката по додавањето кон Марко Пашалиќ.

По натпреварот селекторот на Португалија, Роберто Мартинез стави акцент на модерната технологија во фудбалот, и на судењето кое го нарече дека било одлично, изјава која ги разбесне Хрватите сметајќи дека вториот гол бил неоправдано поништен.

„Имам неверојатна почит кон Хрватска и се восхитувам на нивниот спортски дух. Топките сега имаат чип и јасно е зошто интервенираше ВАР. Сите одлуки беа точни. Пеналот за Португалија беше чист. Штета што еден од овие два тима мораше да изгуби, но немаше погрешна одлука од судиите“, изјави шпанскиот стратег.

За разлика од него, Далиќ беше разочаран.

„Не е добро кога ќе примите гол во судиското продолжение, а потоа ќе постигнеле гол во последната минута и ВАР ќе одлучи дека не важи“, кусо изјави Далиќ.

Се вчитува...