Селекторот на Шведска брутално искрен: Далеку сме од нивото на Франција

Селекторот на шведската репрезентација, Грем Потер, ги наведе причините за поразот од Франција со 0:3 и елиминацијата во 1/16 финалето на Светското првенство во 2020 година.

Англичанецот призна дека неговата селекција не е на нивото на Франција, и дека дури и неговата селекција да одиграла подобро, не е сигурен дали тоа ќе било доволно за пласман понатаму.

„Се соочивме со навистина силен тим. На крајот, подобриот тим победи, нема сомнение за тоа. Секако, во фудбалот сè е можно и можат да имаат и лоши натпревари, но ѝ посакувам успех на Франција. Моравме да одиграме совршен натпревар, но дури и тогаш не сум сигурен дека тоа ќе беше доволно бидејќи нивото на противникот беше многу високо. Ако ги споредиме составите, ние сме млад тим во развој, кој се надевам дека има многу добри моменти пред себе. Многу сме разочарани што мора да го напуштиме турнирот. Не очекувавме да си одиме дома и сакавме повеќе. Горд сум на мојот тим. За многу од играчите ова беше нивниот деби турнир. Сè уште не сме на нивото на нашите противници и тоа е реалноста.“, вели Потер.

Се вчитува...