Селекцијата до 19 години во Анталија на тестови со Бугарија, Молдавија и Динамо Загреб

Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години на крајот од месецов патува во Анталија, Турција, каде ќе одигра три пријателски натпревари.

Селекторот Шкумбин Арслани, од 25. јануари до 6. февруари ќе реализира тренинг-камп во Анталија во рамките на кој планирано е одигрување на тест дуели со соодветните селекции на Бугарија и Молдавија, како и натпревар со вториот тим на Динамо Загреб.

Подготовките ќе бидат во рамките на подготовките за квалификациите за пласман на ЕП.

Се вчитува...