Селфи за спомен: „Сер Боби“ има нови јунаци за европски дострели

Македонија повторно има генерација млади фудбалери кои до последно ќе се борат за билет на еден европски шампионат. Идентично како и со генерацијата на Барди, Николов и останатите херои кои испишаа историја со прв настап на Македонија на едно ЕП, и сега на клупата на нашите фудбалски надежи се наоѓа истиот селектор – Благоја Милевски.

„Сер Боби“ повторно успеа да создаде силен колектив, селекција што не се плаши од никого, што покажува заби и на моќната Шпанија, а што си поигрува со ривали како Казахстан, кој попладнево беше совладан рутински со 1-4.

Оваа селфи-фотографија ќе остане само спомен од денешната лесна и убедлива победа, како најава за добри игри до крајот на овој квалификациски циклус и борбата до последна капка пот за толку посакуваниот билет за ЕП.

Се вчитува...