Селими: Бевме многу подобри од Вардар, немавме среќа за победа…

Тренерот на Шкендија, Ерхан Селими може да биде задоволен од изданието на неговите избраници, пред се во второто полувреме, во дерби пресметката од 9. коло во ПМФЛ против Вардар која заврши без голови. Но, Селими дефинитивно не е задоволен од резултатот нагласувајќи дека неговиот тим заслужил триумф.

„Заслуживме три бода од овој натпревар посебно ако се погледне нашето комплетно доминантно издание во второто полувреме. Бевме многу подобар противник, целосно го надигравме Вардар кој во вториот дел не излезе од својот шеснаесетник. Но, ете ни недостасуваше и малку среќа и подобра завршница по сите оние бројни шанси кои ги создадовме. Долго е првенство и сигурно продолжуваме мотивирани за далеку подобри изданија во иднина“ – вели Селими.

Се вчитува...