Селтик и Наполи со една нога во ЛШ, Жута „поцрвене“ во Грција

Селтик е веќе во групите на ЛШ, а и Наполи и Севилја се на добар пат, по првите мечеви од плејоф колото во Лигата на шампионите. Олимпијакос во последните мигови обезбеди предност од 2-1 против Ријека, а идентичен резултат има и Хапоел Бер Шева во дуелот со Марибор.

Селтик со 5-0 ја совлада Астана и тимот од Казахстан има само теоретски надежи тоа да го надомести. Серијата почна со автоголот на Постников, двоен стрелец беше Синклер, а во листата на стрелците се запишаа и Форест и Грифитс.

Наполи славеше со 2-0 против Ница, а францускиот тим може да биде и среќен со овој епилог, со оглед дека во последните десетина минути играше со двајца играчи помалку, по исклучувањата на Козиело и на Плеа. Мертенс донесе водство за Наполи, а Жоргињо од пенал зголеми на 2-0.

Леонард Жута исто така заработи црвен картон во 83.минута во Грција, на мечот меѓу Олимпијакос и Ријека. Хрватскиот тим имаше водство по првиот дел, со голот на Хебер, но Оџиџа – Офое и Ромао во судиското продолжение, донесоа триумф за Олимпијакос.

Севилја победи со 1-2 на гостувањето во Турција против Башакшехир. Ескудеро и Бен Једер беа стрелци за Севилја, а Елиа погоди за Башакшехир.

Резултати ЛШ: Наполи – Ница 2-0, Селтик – Астана 5-0, Башакшехир – Севилја 1-2, Олимпијакос – Ријека 2-1, Хапоел Бер Шева – Марибор 2-1.

Се вчитува...